Услови за употреба

УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И/ИЛИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Друштвото за трговија и услуги Дифферент ДООЕЛ Скопје е друштво специјализирано за трговија на мало преку интернет.

Овие Услови за купување на производи преку интернет (понатаму: Услови за онлајн купување), заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница и купувањето на производи и/или услуги нарачани преку нашата интернет продавница.

Со нарачката на производи и/или услуги од нашата интернет страница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за онлајн купување и со останатите погоре наведени политики.

 (1) Вовед

Ве молиме прочитајте ги овие Услови за онлајн купување внимателно.

Од Вас ќе биде побарана изречна согласност дека сте се согласиле со овие Услови за онлајн купување пред да можете да извршите нарачка за купување на производ и/или услуги од нашиот веб-сајт.

(2) Толкување на поимите

Во овие Услови за онлајн купување, “ние” значи Дифферент ДООЕЛ Скопје (“нас” и “нашите” ќе се толкува соодветно); и “Вие” значи нашите купувачи или потенцијални купувачи на производи и/или услуги (“Вашето” ќе се толкува соодветно). 

(3) Процес на нарачка

Рекламирањето на производи и/или услиги на нашата веб страница претставува “покана за склучување на договор за купопродажба” и Вашата нарачка на производи и/или услуги претставува договорна понуда. Ниеден договор нема да стапи на сила помеѓу нас и Вие како купувач, освен доколку ние ја прифатиме Вашата нарачка во согласност со процедурата опишана подолу.

Со цел да се смета дека сте склучите договор за купување на производи и/или услуги од нас, ќе треба да ги преземете следниве чекори:

  • Вие мора да додадете било кој од производите и/или услуги кои сакате да ги купите во Вашата кошничка, а потоа да продолжите со плаќањето;
  • Ако сте нов клиент, Вие ќе имате можност да креирате Ваш профил на нашата интернет страница, или да продолжите со купување без креирање на профил.
  • Откако ќе се најавите, ќе морате да ја потврдите Вашата нарачка.
  • Доколку не се најавите преку Ваш профил на нашата интернет страница, во тој случај пред потврдување на нарачката од Вас ќе биде побарано да внесете информации неопходни за потврдување на Вашата нарачка. 
  • Пред да ја потврдите нарачката, Вие ќе имате можност да идентификувате дали има некакви грешки во податоците внесени од Ваша страна, преку увид во содржината на нарачката. Вие ќе можете да извршите исправка на ваквите грешки преку ажурирање на податоците во нарачката и надополнување на Вашите податоци;
  • Откако ќе ја потврдите Вашата нарачка, Вие ќе бидете трансферирани на друга интернет страница каде што ќе биде процесирано Вашето плаќање. Плаќањето ќе се реализира преку E-commerce терминал од ХАЛКБАНК А.Д. Скопје  и во целост ќе биде процесирано од страна на овластеното друштво за процесирање на онлајн плаќања АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје. 
  • Откако плаќањето ќе се процесира, ние ќе Ви испратиме иницијално известување преку е-маил (адреса за е-пошта).
  • Веднаш откако ќе извршиме проверка дали Вашата нарачка може да се процесира, ние или ќе Ви испратиме преку е-маил (адреса за е-пошта) официјална потврда за нарачката (во кој момент Вашата нарачка ќе стане обврзувачки договор за двете страни), или пак ќе Ве известиме преку е-маил (адреса за е-пошта) дека нарачката не може да се процесира, при што ќе Ви биде вратен на сметка целокупниот износ кој сте го платиле.
  • Дополнително, Вие би можеле де бидете исконтактирани и преку телефон на контакт телефонот наведен во Вашата нарачка.

Ние нема да Ви доставуваме примерок од овие Услови за онлајн купување посебно во врска со Вашата нарачка. Ние можеме да ја ажурираме оваа верзија на Услови за онлајн купување од време на време и не гарантираме дека верзијата со која сте се согласиле ќе остане достапна за увид на нашата интернет страница. Затоа, ние препорачуваме да ја преземете, испечатите и да задржите копија од овие Услови за онлајн купување за Ваша евиденција. 

(4) Производи или услуги

Сите наши производи и/или услуги презентирани на нашиот веб-сајт се достапни за онлајн купување. Сепак, некои производи и/или услуги може да не бидат достапни во моментот на процесирање на нарачката.

(5) Цени и плаќање

Цените за производите и/или услугите се дадени на нашата веб страница.

Дополнително на цените за производите и/или услуги, Вие ќе бидете задолжени и со плаќање на испораката, што ќе биде истакнато одделно под цената за производот и/или услугата.

Плаќањето мора да се направи по поднесување на Вашата нарачка. Ние може да ги задржиме производите и/или услугите и/или да го раскинеме договорот помеѓу нас ако Вашето плаќање не е извршено во целост.

Прикажаните цените на интернет страницата ги вклучуваат сите даноци на додадена вредност (каде што е применливо).

Плаќањето за сите производи и/или услуги мора да се направи со следење на инструкциите на веб страницата.

Цените на производите и/или услугите се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на договорите кои се во сила.

(6) Начин на испорака

Ние ќе организираме производите да се достават на адресата за испорака што е наведена во Вашата нарачка.

Ние ќе вложиме разумни напори да ги испорачаме производите и/или услугите во рок на испорака наведени на самиот производ на нашата веб страна, сметано од нашата потврда на Вашата нарачка.

(7) Ризик и сопственост

Од моментот на испорака, производите и/или услугите ќе бидат на Ваш ризик. Сопственоста врз производите и/или услугите преминува на Вас откако:

(А) производите и/или услугите ќе се испорачаат; и

(Б) целосна исплата на сите суми во однос на производите и/или услугите (вклучувајќи ги и трошоците за испорака).

(8) Гаранција за производите

Гаранцијата за производите и/или услугите (доколку е применливо) е означена заедно со описот на секој производ и/или услуга поединечно.

(9) Враќање, рефундирање и замена 

Производите и/или услугите може да бидат вратени до нас единствено по претходен договор, на Ваш трошок и според нашите насоки. Сите производи и/или услуги кои ќе бидат вратени во спротивност со овој Член нема да биде предмет на било какво рефундирање или замена и Вие и понатаму ќе бидете задолжени со плаќање на тие производи и/или услуги.

Во случај на враќање на производи и/или услуги до нас во согласност со одредбите од овој Член и доколку овие производи и/или услуги не се во согласност со гаранциите наведени во Членот [7], Вие ќе имате право да ги замените производите и/или услугите (кога замена е возможна) или, каде што ние се согласуваме, враќање на цената што е платена за тие производи и/или услуги.

(10) Ваши гаранции

Вие ни гарантирате дека:

(а) Вие сте правно способни за влегување во обврзувачки договори и имате целосно овластување, моќ и капацитет да се согласите со овие Услови за онлајн купување;

(б) информациите наведени во Вашата нарачка се точни и целосни; и

(в) Вие ќе бидете во можност да ја примите испорака на производите и/или услугите.

(11) Обештетување

Вие ќе ни ја надоместите штетата и се обврзувате да ни ја надоместите штетата настаната од сите или било која обврска, загуба, штета, трошоци (вклучувајќи и правни трошоци и износи платени при спогодба на било чие барање, тужба или барање) настаното, директно или индиректно поради Ваша повреда на некоја од вашите обврски според овие Услови за онлајн купување.

(12) Виша сила

„настан на виша сила“ значи:

(а) секој настан кој е вон разумна контрола;

(б) недостапноста на суровини, делови на производите; и/или

(в) прекин на снабудувањето со електрична енергија, индустриски спорови со други лица, државна регулатива, пожари, поплави, катастрофи, граѓански немири, терористички напади или војна.

Кога заради виша сила нема да успееме да ги извршиме своите обврски во согласност со овие Услови за онлајн купување, таквите обврски ќе бидат одложени за времетраењето на настанот на виша сила.

Доколку ние станеме свесни за случај на виша сила која доведува до, или што е веројатно да предизвика, било неуспех или при извршување на нашите обврски во рамките на овие Услови за онлајн купување, ние ќе Ве известиме веднаш.

Ние ќе преземеме разумни чекори за ублажување на последиците од кој било настан на виша сила.

(13) Ограничувања на одговорност

Ништо во овие услови на продажба нема да ја ограничи или исклучи Вашата или нашата одговорност за: (i) смрт или лична повреда предизвикана од невнимание; (ii) измама или лажни претставување; или (iii) било која состојба која е незаконски да се ограничи или исклучи или настојува да се ограничи или исклучи одговорноста.

(а) нашата одговорност во врска со кој било производ купен преку нашата веб-страница е строго ограничена на куповната цена на таквиот производ и на трошоците за замена на соодветните производи;

(б) нема под никакви околности да бидеме одговорни за било каква загуба на приход, загуба на бизнис, загуба на профит или договори, губење на предвидените заштеди, загуба на податоци или губење на менаџерско или канцелариско време, или губење на добра волја или репутацијата; и

(в) нема да бидеме одговорни за било какви загуби кои произлегуваат од случај на виша сила.

(14) Откажување на Договор

Ние можеме да го откажеме договорот за снабдување на производи и/или услуги склучен во согласност со овие Услови за онлајн продажба веднаш со писмено известување до Вас, ако Вие не го исплатите на време и во целост, кој било износ кој ни го должите врз основа на било кој договор, или пак доколку направите било каков материјален прекршок на вашите обврски врз основа на било кој договор;

(15) Последици од откажувањето

По откажување на договорот согласно Член 13 ќе престане нашата обврска да ги доставиме нарачаните производи и/или услуги кои се недоставени во моментот на откажување.

 (16) Предмет на овие Услови за онлајн продажба

Овие Услови за онлајн продажба не претставуваат или содржат било какво назначување или лиценца на права на интелектуална сопственост, не се однесуваат на лиценцирање на производи (вклучувајќи софтвер и книжевни дела) кои се содржани во производите и не се однесуваат на обезбедување на било кои услуги од нас или било кои трети лица поврзани со производите.

(17) Општи одредби

Сликите на производите и/или услугите на нашата веб страница се само за илустративни цели; вистинските производи може да се разликуваат од таквите слики.

Ние ќе ги третираме сите Ваши лични информации кои ги собираме во врска со Вашата нарачка во согласност со условите на нашата Политика за приватност.

Договорите склучени врз основа на овие Услови за онлајн продажба може да се менуваат само во писмена форма потпишана од двете страни. Ние може да ги ревидираме овие Услови за онлајн продажба, од време-на-време, но таквите измени нема да влијаат на условите од договорите што веќе сме ги склучиле со Вас.

Ако некоја одредба од овие Услови за онлајн продажба се смета за неважечка или неприменлива од страна на надлежниот суд, останатите одредби ќе останат во полна сила и ефект, а таквата неважечка или неспроведлива одредба или дел од истата ќе се смета за неважечка.

Вие не може да доделите, наплатите, да склучите под-договор или на друг начин да ги пренесете било кое од вашите права или обврски кои произлегуваат од овие Услови за онлајн продажба. Секој обид од Ваша страна за претходно наведеното ќе се смета за ништовен и неважечки. Ние може да овластиме, наплатиме, склучиме под-договор или на друг начин да ги пренесеме било кое од нашите права и обврски кои произлегуваат од овие Услови за онлајн продажба, во секое време.

Секој договор под овие услови на продажба е направен во корист на страните во него и не е наменет да има корист, или да се применуваат од страна на друго лице. Правото на страните да го раскинат, или да се согласат за некоја измена и дополнување, измена, откажување или порамнување од таквите договори не е предмет на согласност на било кое лице кое не е договорна страна на договорот.

Овие услови за онлајн продажба го содржат целосниот договор и разбирање помеѓу страните во однос на купување на производи и/или услуги од нашата веб страница и ги суспендираат сите претходни договори и спогодби меѓу страните во однос на купување на производи и/или услуги од нашата веб страница;

Овие услови на продажба ќе бидaт регулирани со законите на Р. Македонија и надлежност да ги решава споровите што произлегуваат од или во врска со овие Услови за онлајн продажба има Основниот суд Скопје 2 Скопје.

(19) Електронски карти – еКарти

 Секоја купена карта дозволува еден и единствен влез во салата, без можност за повторeн влез. Купената карта не смее да биде заменета или вратена. Доколку се случи да ја изгубите испечатената карта или пак сте ја избришале емаил пораката која е потврда за Вашата нарачка и ја содржи како прилог електронската карта во ПДФ формат купената карта неможе да биде заменета со нова.

Обезбедувањето на оваа карта подлежи на Правилата и Прописите важечки за салата (местото на одржување наведено во картата и на нашата веб страна), кои се јавно обележани на објектот на сите шалтери. Доколку доцните, Вашето седиште не можеме да го гарантираме.

Доколку настанот се откаже, организаторот има право да ги дефинира условите за надомест (може да ги намали цените на картата поради измената). Било каква измена на програмата, измена на распоредот итн., не претставува причина за замена или надомест.

На сите наши купувачи на карти, им се забранува внесување на комерцијални или маркетиншки предмети кои влијаат и го прекршуваат облигационото право на трети страни. Исто така е забрането внесување на животни во просториите каде се одржуваат настаните, оружје, проектили, пиротехнички материјали, запаливи субстанции, експлозиви. Истата забрана важи и за алкохолни пијалоци, лименки или шишиња. Забрането е снимање на претстава, филм, ДВД запис. Во делот на забрани е и пушење во просториите каде се одржуваат настаните.

Влезот во салите може да биде забранет за секој кој нема да ги почитува правилата на однесување. Секој што купил карта презема одговорност да ги почитува Правилата и Прописите. Секој направен прекршок ќе биде казнет или одстранет без право на надомест за билетот.

ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ

Во случај на ОТКАЖАНИ или ОДЛОЖЕНИ НАСТАНИ, www.babyshop.mk – e-Карти ја има следната политика: *Доколку настанот е ОТКАЖАН парите ќе Ви бидат вратени за картите кои се купени преку интернет преку нашиот сервис (online). *Доколку настанат е ОДЛОЖЕН, ќе добиете известување за датумот и местото на настанот. Доколку терминот за одложениот настан не е во согласност со Вашите активности, картите ќе Ви бидат заменети со карти за друг настан или парите ќе ви бидат вратени. Рефундирање на средства за откажување на онлајн купени карти, по барање на клиентот, не е можно.

ШТО ПРЕТСТАВУВА Е-КАРТА И ОПШТИ УСЛОВИ ЗА НЕГОВО КОРИСТЕЊЕ?

Е-КАРТА
Доколку Вашата трансакција е успешна, во рок од неколку минути на е-маил адресата ќе добиете електронска карта. Eлектронската карта (во пдф формат) е документ кој содржи единствен бар код и единствен QR код и е доказ дека сте купиле карта за одреден настан. Таа електронска карта задолжително треба да ја чувате во електронска форма или печатена форма. Задолжително при влезот треба да го покажете ваучерот во печатен формат (со нормален квалитет на печатење) или во електронски формат (ПДФ) како доказ дека ја имате купено картата. Во случај кога бар кодот или QR кодот од е-Картата не е можно да биде прочитан поради оштетување на хартијата, а истиот го немате во електронски формат, влезот на настанот или замената со физичка карта ќе биде отежната или оневозможена, па затоа Ве молиме да ги чувате е-Картите од оштетувања.

Она што е од голема важност е дека, валидна е само базата на податоци за продадени е-карти која ние ја имаме. Било каква злоупотреба на е-Картата ќе биде проследена против одговорното лице по судски пат. Важно: Е-карите мора да бидат прикажани во електронска форма преку вашиот мобилен уред (телефон , таблет или рачен компјутер) или пак физички во печатена форма.

(19) За нас

Друштво за трговија и услуги Дифферент ДООЕЛ Скопје
Ул.МАТЕЈА МАТЕВСКИ Бр.24-Ц-177 Скопје
ЕДБ: 4057014527555
ЕМБС: 7004230

Контакт е-маил(контакт адреса за е-пошта) info@kidexpo.mk