Бидете дел од Кид експо, првиот организиран саем за деца во Македонија и првиот настан од ваков тип кој ги нуди сите активности и услуги поврзани со децата под еден покрив. Од најдобрите производи за деца до врвни едукативни установи, предавања, активности за градење на карактерот на детето, до спортски забавни и театарски дела.
Посветени сме да создадеме средина во која секој ќе се пронајде и ќе ужива во времето поминато на кидс експо. Истражете ги сите форми на теми, активности и услуги поврзани со децата за време на 2-дневниот настан исполнет со придобивки и забава.